Женската ракометна завршница на најдобрите четири екипи и понатаму ќе се игра во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта.

Денес беше потпишан договор меѓу Европската ракометна федерација и главниот  град на Унгарија, Будимпешта за продолжување на соработката до 2024 година.

Капацитетот на арената која го носи името на славниот унгарски боксер е 11.390 гледачи.Таа е направена во 2001 година,а две години подоцна од изградбата беше пуштена во употреба.

Важи за еден од најмодерните културни и спортски објекти во Европа.