Македонија загуби од Шведска со 32-20, капитенот Кире Лазаров постигна пет гола, постави рекорд кој е недостижен за многу ракометари во светот.

Лазаров со првиот од петте гола против Шведска стана играч кој постигнал голови во четири различни декади, првиот го постигна далечната 1999 токму во Египет и сега во 2021 година.

Најдобриот играч на Македонија на сите времиња, погодуваше на Мундијалите во 2009 година во Хрватска, потоа  во Шпанија 2013, Катар 2015, Франција 2017 и Германија и Данска во 2019 година.

Лазаров не знае за доста, со петте гола  против Шведска, на 40 години и натаму е незадржлив за противниците.