Македонија загуби од Словенија со 27-25, на полувреме губевме со 13-10, одигравме борбено, но „змајчеки“ заслужено стигнаа до победата, ги искористија нашите грешки.

Ова е прв пораз на Македонија на европските првенства од Словенија, селектрот Кирил Лазаров со свое видување за првиот натпревар на ЕУРО.

„Горд сум како го одигравме натпреварот, разочаран сум затоа што мислам дека заслуживме најмалку бод. Ги уморивме и надигравме, но не верувавме до крај дека можеме да ги добиеме. Мислам дека  сме на добар пат и треба да продолжиме така, да го заборавиме поразот и да одиграме два добри натпревари до крајот на првата фаза, мислам дека ќе бидеме сѐ подобри и подобри“ – изјави Лазаров.