Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, не настапи на денешниот натпревар со Грузија, остана на клупата поради шансата која ја добија младите играчи.

Лазаров е оптимист, Македонија има убава ракометна иднина, младите имаат капацитет и се „гладни“ за докажување.

„Младите играчи ја користат шансата и чекорат напред.Македонија не мора да стравува за својата иднина ако се продолжи вака, имавме падови но целосниот впечаот е позитивен“-  изјави капитенот Лазаров.

Македонија ја победи Грузија со 25-21 со променлива игра.