Капитенот на Македонија, Кирил Лазаров денеска по втор пат во кариерата ќе игра на Светско првенство кое се одржува во Египет.

Лазаров дебитираше на Мундијалите во 1999 година тукму во Египет. Сега против Шведска повторно ќе го носи дресот на Македонија по 22 години во истата земја но со различна амбиција и мотив.

„Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар, но таква е ситуацијата и мора да ја прифатиме. Натпреварот со Шведска ќе биде тежок за нас, ќе се обидеме да ги изненадиме, па ќе бидиме како ќе поминеме. Немаме многу идеја за Шведска, пред да се качиме на авионот, видов дека имаат проблеми со играчи кои им недостигаат. Можеби ова е нашата шанса. Но, Шведска е Шведска знаеме каква историјаат и традиција имаат во ракометот. Но ова е ракомет и изненадувањата се можни.“ – изјави Кире Лазаров.