Селекторот на Македонија еден ден по поразот од Словенија но и ден пред дуелот со Црна Гора направи мини анализа за тоа што се случува во нашата соблекувална.

„Иако владее задоволство и  позитивна атмосфера многу работи што ги договаравме не ги исполнивме. А сепак бевме блиску до ривалот. Синоќа сакав да ги пофалам, но денес морам да им укажам на грешките. Сега имаме видео анализа и состанок и ќе разговараме. Не треба да ги понесат емоциите и треба да се фокусираме на договорот. Сепак, се работи за млада екипа и како поминува времето треба да станат победници и да научат како се победува. Тоа малку ме загрижува, бидејќи на договорени работи ние паднавме.  Сепак, ми се допаѓа впечатокот, но тоа не смее да не успие. Сакам да бидеме уште подобри и да се дадеме задача како колектив да бидеме подобри против Црна Гора. Не треба да се оптеретуваме со противниците, туку да се концентрираме на себеси. Од нас зависи дали ќе остваруваме добри резултати во иднина или не. Противниците ќе бидат само појаки и појаки, бидејќи сите во Европа работат квалитетно.“ – изјави на денешниот брифинг селекторот Кирил Лазаров.

Македонија утре од 18 часот ќе истрча против Црна Гора во второто коло од групната фаза на ЕУРО 2022.