Селекторот и капитен на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, во изјава за „24 ракомет“ вели дека сè зависи од нас самите.

Лазаров најави дека Македонија ќе игра на секој натпревар на победа, му се допаднала изјавата на Никола Митревски.

„Одиме по потешкиот пат, но нема изговори. Зависиме од нас и од тоа колку ние ќе успееме да го подигнеме нашето ниво до јануари. Противниците се тие што се и нема многу да се оптоваруваме со нив. Ќе се подготвиме максимално и ќе играме секој натпревар на победа. Ми се допадна една изјава на еден наш репрезентативец, еден од лидерите на тимот – Никола Митревски. Тој кажа – Ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал. Веќе од утре ќе ги почнеме подготовките за ЕП“, изјави Лазаров за 24Ракомет.