Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров е задоволен од резултатите во рамки на ЕХФ неделата.

Лазаров не одигра ни минута на двете средби против Грузија, шанса добија младите, капитенот вели дека сме на добар пат, ако сакаме да напредуваме, мора младите да добиваат шанса.

„ Добро ми дојде оваа рекуперација, затоа што сакавме да избегнеме несакани работи на тест-мечеви. Потешко е да се седи на клупа, отколку да се игра. Немам таков обичај, но овој пат одбрав лошо место. Селекторот беше пред мене, повеќе се уморив одејќи од лево на десно да имам увид што се случува на терен. Нареден пат ќе одберам подобро место, за да следам се што се случува. Ми дојде добро одморот, сепак, јас имам 39 години“ – вели Лазаров.

Што се однесува до средбите кои ги одигравме, Лазаров  е задоволен од постигнатото на националниот тим.

Искрено, мислам дека сме на добар пат, треба да сме позитивни.Континуитетот мора да биде наша цел и да се гради еден тим, чекор по чекор.  Стручниот штаб сигурно виде добри работи, лоши работи кои треба да се подобруваат“ – заврши Лазаров.