Кире Лазаров го одигра својот најдобар натпревар сезонава барем голгетерски,  откако на дуелот на Нант против Трембле зад неговото име запиша 9 погодоци. Нант на овој меч славеше со убедливи 39-20.

Македонсиот капитен од самиот почеток беше расположен и во првото полувреме со 6 гола ги предводеше Нант до нова победа. Во вториот дел Кире постигна уште 3 погодоци, а имаше само 2 промаршуања во текот на целиот меч.Н

Екипата на македонскиот ас по пет одиграни кола има скор од четири победи и еден пораз, оној на гостувањето против шампионот ПСЖ.