Кирил Лазаров постигна четири гола за Нант против Горење во ЕХФ купот за победа на екипата од Франција со 35-28.

Нант сега е на делба на првата позиција со Магдебург во групата. Валеро Ривера кај Нант беше најефикасен на средбата со девет голови.

Следната недела се среќаваат Магдебург и Нант, во составот на екипата од Германија ќе настапи Филип Кузмановски.