Еурофарм Пелистер во својот премиерен натпревар вечерва во ракометната Лига на Европа има нерешено 14-14 на полувреме  против норвешки Гудме.

Еурофарм Пелистер добро го започна мечот и поведе со 2-0, а потоа и 4-2.

Домаќините  вратија со серија од 3-0 за прво водство од 5-4 по што ја презедоа резултатската предност, но Еурофарм Пелистер  не им дозволи на домаќините да се одлепат и во 22 минута на кратко го врати водството за 11-10.

Гудме влезе во последната минута со гол предност, но Еурофарм Пелистер го реализираше последниот напад за 14-14 на полувреме.

Најефикасен кај македонскиот тим по првиот дел е Стипе Мандалиќ со шест голови.