Металург е во негатива од три голови (18-15)  на полувреме против Тулуз во премиерниот меч од ракометната Лига на Европа.

Францускиот тим имаше водство од самиот почеток, но првата посериозна предност ја стекна при резултат 7-6 кого со серија од четири едноподруго голови се одлепи на 11-6, а потоа и 12- 7.

Металург со неколку мини серии од 2-0 одржуваше резултатска неизвесност и од негативата од 17-12 во самиот финиш на полувремето, успеа да се избори за надежни минус три пред продолжението на мечот.

Најефикасен по првите 30 минути во редовите на Металург е Црногорецот Милан Поповиќ со седум погодоци.