Македонската ракометна легенда, Кирил Лазаров денес го слави својот 41 роденден со амбиција и следниот да го дочека како активен играч, по најавата дека ќе остане во Нант уште една сезона.

Лазаров до крајот на оваа сезона го очекува четвртфиналето од ЛШ со Нант против Веспрем, година во која успеа да ја предводи Македонија до онаа голема победа над Данска кога дебитираше на селекторската позиција.

Легендарниот и секогаш харизматичен, Лазаров е најдобар во повеќе сегменти во ракометна игра а зад себе има рекорди кои уште долго време нема да бидат срушени.

Среќен роденден Кире Лазаров, продолжи да ја радуваш Македонија.