Хрватска загуби од Аргентина со 23:19 и со ова шансите за пласман во четвртфиналето ги сведе на теоретски. По овој неочекуван кикс, селекторот на „коцкестите“, Лино Червар реши да поднесе оставка.

Червар сега е на „удар“ на легендите од хрватскиот ракомет, се огласија Мирза Џомба и Петар Метличиќ, сметаат дека селектрот се однесувал аматерски.

„Како да немаше контрола, немаше игра, кој сакаше си земаше за право да игра на шут. Како да беше некоја ревијална средба, а не битка за четвртфинале на СП. Освен Пешиќ и Чупиќ, останатите не одиграа ништо, потоа следуваше оставката на Червар. Оставивме лош печат, испаднавме како аматери, си го уништивме реномето што го градевме со години“ – порача Џомба.

Петар Метличиќ размислува слично како Мирза Џомба, тој и поотворено  го нападна  Лино Червар.

„Ова е најголемата грешка во кариерата на Червар, без конкуренција, лош потег. Спортот носи победи и порази, но да направиш вакво нешто, да се простиш на незавршено првенство, тоа е без конкуренција лош потег. Хрватска е жива, се уште има шанси за СП, но потегот на Лино не е во ред “ – изјави Метличиќ.