Актуелниот освојувач на женскиот ракометен куп ЖРК Куманово и официјално се договори со ракометарката Леонида Гичевска која доаѓа од редовите на ЖРК Металург.

Гичевска настапува на левата и средната бековска позиција и е дел од македонската женска ракометна репрезентација.

Претходно во екипата на ЖРК Куманово пристигнаа Ангела Јанкуловска, Катарина Косановиќ, Медеа Чокели и Наталија Пецанова.

За претстојната сезона овој тим доби и нов тренер во името на селекторот на сениорската женска репрезентација Симе Симoвски.