Левче Китески со одлука на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија е назначен за директор на машките и женските ракометни репрезентации.

УО на РФМ донесе и неколку други одлуки, Димитар Митревски е нов координатор на машките ракометни репрезентации, Гино Стрезовски е назначен за стручен советник на селекторот во женските репрзентации.