Вардар 1961 го игра натпреварот од 5. коло во Лигата на шампионите, гостува кај  Алборг кој важи за фаворит на средбата.

Монпелје го победи Вардар во последното коло од Лигата на шампионите, па сега ќе бара шанса на гости во Данска да освои нови бодови.

Алборг беше поразен во Скопје  со 30-28, но тренерот Веселин Вујовиќ изјави дека очекува поинаков натпревар од оној во СЦ „Јане Сандански“.

„Очекувам различен натпревар од тој одигран во Скопје. Тогаш ние се обидувавме да не влеземе во нивниот ритам, да не трчаме многу и успеавме. Крајниот резултат го покажува тоа. Тие нема да ги повторат грешките а ние сме малку загрижени после натпреварот со Монпелје, очекувањата на јавноста, но и нашите беа многу поинакви. Треба да знаеме дека ние треба да направиме уште многу за да бидеме рамноправни со најсилните во Европа“, изјави Вујовиќ.

Вардар  има пет бода на табелата ,во моментот е на  5-та позиција на табелата, пренос од натпреварот ќе емитува ТВ Аренаспорт 2.