Хрватска не успеа да дојде до златото на ЕП 2020, единственото што недостасува во нејзината колекција, но и на таа на Лино Червар.

Искусниот стратег, по се што се случи денеска, најави повлекување од функцијата селектор на Хрватска.

Треба да бидеме задоволни, ова беше рововска битка. Тие имаа поголема ширина и поголемо искуство, а ние имавме многу проблеми. Го немавме Циндриќ, нашите бекови не беа расположени, а Шпанците играа цврста и јака одбрана. Загубивме во последните пет минути. Штета.

Им честитам на моите играчи за играта на целиот турнир. Крвавого заработивме ова финале, но за златото требаше малку повеќе. Шпанците се искусни, знаат да ја држат топката и долго да напаѓаат, а имаа и одличен голман. Горди се враќаме дома.

Благодарен сум за сите медали што ги освоив и немам за што да жалам. Можам со гордост да гледам на својата кариера. Им благодарам на сите играчи кои ги водев и на сите помошници со кои соработував. Јас веќе нема да ја водам Хрватска, ни на европските, ни на светските првенства“, изјави по средбата Червар за RTL.

Не е јасно дали тој се откажува и од водењето на Хрватска на претстојните олимписки квалификации, но говорот му делувал како проштален