Хрватска загуби од Аргентина со 23:19 и со ова шансите за пласман во четвртфиналето ги сведе на теоретски.

По овој неочекуван кикс, селекторот на „коцкестите“, Лино Червар реши да поднесе оставка.

„На никого не му е лесно кога ќе загуби натпревари, игравме лошо и изненаден сум од тоа. Разочаран сум и ја преземам одговорноста. Ова е моја дефинитивна одлука и нема да се предомислам. Живеев за оваа репрезентација 20 години, верувајте дадов се од себе.“ – изјави Червар.