Словенија вчера помалку неочекувано загуби од селекцијата на Унгарија и се најде во ситуација да стравува за пласманот во полуфинале.

Селекторот на Словенија, Љубомир Врањеш, ја смирува ситуацијата и вели:

„Изгубивме само еден натпревар на првенството и затоа не треба да се прави драма. Играме на ЕП, на најголемата ракометна сцена и да, ќе победуваме, но и ќе губиме. Добро го одигравме првото полувреме, но го загубивме ритамот во вториот дел. Направивме премногу грешки, за да ја победиме Унгарија“.

Во последните две кола од главната фаза, Словенија ќе има исклучително тешки противници – Португалија и Норвешка.