Ловро Јотиќ си заминува од редовите на РК Вардар 1961 по само една сезона.

Следната сезона Вардар дефинитивно ќе добие нешто поразличен изглед од тој кој го имаше сезонава.

На клупата скоро извесно доаѓа Веселин Вујовиќ, а веројатно ќе има и сериозни кадровски проветрувања во таборот на актуелниот шампион.

Тимот на Лајпциг на својата официјална веб-страна го официјализираше неговото доаѓање во Бундес лигата. Јотиќ потпишува договор на една година со опција истиот да биде продолжен за уште една сезона.

Јотиќ беше голема желба на сегашниот тренер на ,,црвено – црните” , но по само една сезона и двајцата си заминуваат од таборот на најтрофејниот ракометен тим во државава.

Среќен сум што ќе бидам дел од тимот на Лајпциг следната сезона. Со доаѓањето овде, добивам шанса да настапувам во најдобрата лига во Европа. Ова е нов предизвик за мене кој со нетрпение го очекувам“, порача Ловро Јотиќ за порталот на Лајпциг.

Сега ,,црвено – црните” ќе треба добро да се ,,намачат” за да договорат квалитетно засилување коe ќе ја организира играта идната сезона заедно со Гаџа, кој останува во тимот.

Покрај Јотиќ и Алушовски, од претходно е познато дека клубот ќе го напуштат Марко Кизиќ, Робин Кантегрел и Иван Чупиќ.