Вардар го пречекува Веспрем во натпревар што реприза на финалето од Лигата на шампионите во Келн минатата сезона.

Ова е последен натпревар од предвидените 14 кола во групната фаза во ЕХФ лигата на шампионите, по овој меч следува пауза поради Европското првенство јануари.

Европскиот првак Вардар и за овој меч има проблеми со составот бидејќи дел од играчите се уште се повредени, а дел во процес на рехабилитација. Вардар фаворитската улога му ја препушта на Веспрем.

„Ова ни е последен меч оваа полусезона во Лигата на шампионите. Нема веќе што да се зборува за ситуацијата во која се наоѓаме. Ростерот е тој којшто го имаме. Веспрем е апсолутен фаворит и тука нема што да се лажаме. На нас останува да се бориме и да не ја разочараме публиката. Играме со играчите кои ги имаме. Сите играчи влечат повреди од минатото. Не можеме да ја подготвиме одбраната како што посакуваме. Голманите не ни се на ниво, а со тоа и одбраната. Не е вината кај голманите, ние сме тим и сите сме виновни, вели Стојанче Стоилов, капитенот на тимот.

Средбата Вардар – Веспрем започнува од 17 часот во СЦ „Јане Сандански”, на првиот натпревар сезонава во Унгарија, победи Веспрем со 39-30. На табелата во Б групата Вардар е на 6 место со 9 бода, а Веспрем е второпласиран со 12 бода.