Вардар не ја оправда фаворитската улога во Скопје против Монпелје, екипата од Франција запиша победа со 31-25 и му го нанесе на црвено-црниот тим првиот пораз во Лигата на шампионите.

Монпелје водеше од првата до последната минута во Скопје, Вардар во ниту еден момент не стигна до нерешен резултат или водство и заслужено загуби.

Француската екипа во неколку наврати имаше 5 гола предност а во финишот стигна и до највисоки шест, Вардар имаше пенал, но Чувара непогоди.

Најефикасен кај Вардар, Тимур Дибиров со 7 гола, Тото Џереми мечот го заврши со шест. Вардар во следната рунда гостува кај Алборг, додека Монпелје го пречекува Мешков Брест.