Поранешниот ракометар на Металург и на Вардар, Лука Циндриќ и официјално потпиша договор со Барселона според кој ќе остане во каталонскиот гигант до 2023 година.

Циндриќ во Барселона доаѓа од Кјелце а шпанците за предвремениот раскин на договорот платиле повеќе од еден милион евра. Со ова ова Циндриќ влегува во друштвото на најскапи ракометари на планевата.

Хрватскиот репрезентативец беше дел од вардаровиот тим кој стигна до титулата во Лигата на шампионите на ЕХФ во 2017 година.