Ракометната репрезентација на Франција ќе мора да се снаоѓа без Лука Карабатиќ во составот на престојното Европско првенство.

Карабатиќ се повреди на полседниот меч од ЛШ против Барселона и го очекува пауза од играњето ракомет. Според последните прегледи, потврдено е измесување на прстот на десната рака што мора да се решава со операција.

Ова значи дека Карабатиќ нема да може да игра најмалку шест недели и поради тоа ЕП ќе го проследи само како гледач.

Франција на ЕП ќе настапи во Д групата заедно со БиХ, Португалија и Норвешка.