Ракометарите на Магдебург цврсто чекорат во групната фаза на ЕХФ Купот. По домашната победа против Горење Велење во првото коло, Кузмановски и друштвото победија и на тешкиот терен кај екипата на Адемар Леон.

Магдебург добро го отвори натпреварот и по десетина минути имаа предност од 4 гола, 2:6. Но, во продолжението не само што ја загубија предноста, туку на одмор заминаа со негатива од два гола, 12:14.

На почетокот на вториот дел Магдебург успеа да направи серија од 5:0 и да поведе со резултат 20:16. Овојпат германскиот тим својата предност не ја испушти до самиот крај.

Нашиот Филип Кузмановски на оваа средба постигна еден гол.

Адемар Леон – Магдебург  27:31 (14:12)

В недела ќе се одигра и вториот натпревар од оваа група, во кој Нант и Кире Лазаров ќе и гостуваат на екипата на Горење Велење.