Македонија по убелдивот пораз од Словенија, денеска го игра вториот меч во главната фаза, противник е Русија која во првото коло од втората рунда загуби од домаќинот Египет, средбата започнува од 15-30 часот.

Македонија со само една победа на Мундјалот, онаа против Чиле, со разнишана самодоверба по убедливиот пораз од Словенија, бара шанса за изнеандување против „зборнаја“.

Селекторот Данило Брестовац смета дека изборот на играчи е тој, не можеме да се потпираме постојано на Лазаров и Стоилов, ова е процес на смена на генерации ќебиде болен и долг.

Физичката подготовка ни е проблем. Тоа е причината поради која сме добри на почетокот од натпреварите но потоа паѓаме и почнуваат грешките. Таквата состојба на ракометарите ме принудува да правам ротации во текот на целиот натпревар. Ако играме цело време со искусните можеби нема да загубме со толку голема разлика, но повторно ќе бидеме поразени. Нема да биде поразлично и против Русија и Белорусија. Ќе ги загубиме и овие натпревари но тоа е данокот кој треба да го платиме во овој процес. И ако мислите дека ова се најтешките денови на репрезентацијата, се лажете, тие допрва ќе дојдат кога ќе престанат да играат Лазаров, Стоилов, Пешевски, Митревски.“ – изјави Брестовац.