Селекторот на македонската машка репрезентација на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот со 19 ракометари од 35-те првично повикани за престојните две евроквалификациски пресметки со Финска и Швајцарија.

Поради карантинот во Металург предизвикан од Ковид-19 на списокот играчи единствено е повикан Мартин Серафимов севкупно земено од клубот од „Автокоманда“, изненадувачки има од Вардар 1961 чии ракометари треба да се во изолација.

Од вардаровите играчи не се повикани Борко Ристовски и Гоце Георгиевски но на списокот се Марко Кисиќ, Стојанче Стоилов, Филип Талески и Марко Мишевски.

Македонија против Финска ќе игра на 4 ноември во Скопје додека на 7 ноември ќе и гостува на Швајцарија.