Ракометната репрезентација на Македонија по настапот во Египет, следно ја очекува квалификации за ЕУРО2022.

Финска која е наш противник во квалификациите на 28 април, го одреди градот домаќин за оваа средба, Рихимаки е градот кој ќе ги нагости македонските ракометари.

Македонија по отказот кој РФМ му го врачи на Данило Брестовац со нов селектор во март ќе ги одиграат двата дуели со Данска, на 10 март во Скопје, додека четири дена подоцна во Алборг ќе и гостуваме на оваа селекција.

Квалификациите за ЕУРО ги завршуваме против Швајцарија во месец мај.