Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва го дозна протвникот во баражот за Мундијалот во Египет кој ќе се одржи следната година во јануари.

Пласманот на последното Европско првенство ни го одреди патот до следниот мундијал, бидејќи при влечењето на ждрепката Македонија не беше меѓу носителите.

За жал немавме среќа во ждрепката и го добивме најтешкиот противник – Франција

Првата средба ќе се игра во Скопје период од 5/7 јуни, додека реваншот ќе се игра во период од 9/11 јуни.