Кадетската ракометна репрезентација славеше против Чиле во пријателски натревар со 32-26, пред настапот на Светското првенство кое ќе се игра во нашата земја,поточно во Скопје.

Во првото полувреме „црвено – жолтите“ играа полека, но затоа во вториот дел, особено во последните 15 минути рутинирано со што дојдоа до значителна предност со која дојдоа до убедлива победа.

Најефикасен во нашата репрезентација беше Мартин Серафимов со седум гола, Симоновски постигна шест, додека Младеновиќ се запиша пет пати во листата на стрелци.

Нашиот национален тим на СП ќе игра во групата „Ц“ заедно со Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија.