Египет едноставно не декласира, запиша победа против Македонија со 38-19, со ова ни го нанесе највискиот пораз на светските првенства на кои имаме седум учества.

Ова не го очекувавме, бевме разбиени од Египет со 19 разлика, историски највисок пораз на Македонија  на светските шампионати, претходно, највисокиот пораз изнесуваше 14 гола, Куба не декласира Мундијалот во 1999 година.

Македнија два пати загуби на светското во Египет, двата порази се со двоцифрена разлика, 12  од Шведска и вечерва домаќинот на актуелното светско првенство со 19 гола.