Македонија прокоцка предност од 5 голови разлика во првиот дел кој го заврши со 12-12 по 30 минути игра.

Започнавме добро, во 12 минута водевме со 7-1 но ја прокоцкавме предноста во финишот на првото полувреме.

Грузија фати резултатски приклучок пред се пооради одличните интервенции на голманот на противникот и неискористените зицери на нашите репрезентативци.

Ова е трета средба за Македонија во рамки на ЕХФ неделата во која одигравме средби со Турција и Италија.