Македонската ракометна репрезентација е една од вкупно петте селекции кои  засега конкурираат за „вајлд карта“ за Мундијалот во Египет следната година.

Покарај Македонија уште  Русија, Србија, Црна Гора и Полска  аплицираа за специјална покана.

Полска е најгласна дека не смее да извиси и една од двете покани мора да им припадне на нив, оваа земја веројатно во 2023 година ќе биде домаќин на светско првенство и бара привилегиран статус.

„Доколку Полска биде организатор на Мундијалот во 2023 година, тогаш нашата репрезентација треба да има привилегиран статус“, велат претставници на Полска.

Познати 28 учесници на Мундијалот во Египет, останаа уште две покани, Македнија се надева дека ќе добие шанса да настапи на собирот на анјдобрите селекции.