Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ќе игра за петтото место на ЕХФ Шампионатот во Литванија, откако во првиот меч за разигрување за пласман од петтото до осмото место славеше над Косово со 31:30 полувреме (14:12).

Со оваа победа нашите ракометарки си обезбедија натпревар за 5.место на турнирот и тоа против селекцијата на Фарски Острови, која пак беше подобра од Грузија со 31-21.

Седлоска со 8 голови беше најефикасна во нашиот табор, пет постигна Динарица,Божиноска и Смајлоска имаа по четири голови. Во таборот на Косово, Реџепи одигра неверојатен натпревар и постигна 18 голови.

Натпреварот против Фарски Острови за 5.место го играме во недела со почеток во 12 часот.