Машката ракометна репрезентација на Македонија вчера запиша победа над Турција со 26-23 во Ешкишехир,натпревар во рамки на ЕХФ  неделата, вечерва ќе играме со Италија од 18 часот на овој турнир.

Италија е нова шанса за докажување на овој подмладен состав на Македонија, Данило Брестовац одлучи на турнирот во Ешкишехир да игра без искусните и тоа се покажа како исправен потег.

Играчите кои добија шанса ја искористија можноста, сега имаат нова против Италија, потоа следуваат два меча со Грузија во Скопје на кои ќе се приклучат дел од искусните играчи.

Италија два пати беше поразена од Турција на овој турнир со 24-23 и 30-28.