Македонија не издржа, Португалија не скрши во финишот  и победи со 29-25 на Мундијалот во Скопје за играчи до 19 години.

Португалците беа подобри во финишот  и со серија од  5-1 во перидот  од 56 до 60 минута стигна до победа изразена со  четири голови разлика.

Одигравме добро од првата до 25 минута во првиот дел, водевме но сепак првото полувреме го завршивме со негатива 15-12.

Второто полувреме донесе  резултатска доминација на Португалија, ние успеавме да израмниме четири пати, 18-18, 19-19 , 23-23 и 24-24  последен пат во 54 минута а потоа следуваше резултатски потоп, Португалија направи серија од 5-1 и стигна до четвртфинале со Франција.

Мартин Серафимов  со девет гола  и Младеновиќ со седум најефикасни во нашиот тим, Кизиќ на голот запиша двоцифрен број на одбрани.