Македонската ракометна репрезентација денеска  од 20-45 часот во салата на СЦ „Борис Трајковски“ се среќава со Португалија на Мундијалот за играчи до 19 години во Скопје.

Португалија е фаворит на мечот, во групната фаза запишаа пет победи од исто толку мечеви, тие се мешу најефикасните репрезентации на Мундијалот.

Македонија одигра променлив турнир, поразот од Јапнија во последното коло не врати во реалноста но и не подгтови за овој осминафинален меч против Португалија во кој немаме право на грешка.

Средбата вечерва започнува од  20-45 часот и се игра во СЦ „Борис Трајковски“, влезот е слободен.