Македонија е домаќина на ракометниот Мундијал за играчи до 19 години, натпреварите ќе се играат во СЦ „Јане Сандански“  и СЦ „Борис Трајковски“.

Македонија е во група со Данска, Бахреин, Јапонија , Аргентина  и Нигерија во рамки на конкуренцијата Ц.

Нашата репрезентација мечевите ќе ги игра во СЦ„Борис Трајковски“, првата средба ја игра утре со Аргентина од 20-30 часот. Во второто коло се среќаваме со Нигерија (08.08.) потоа следуваат мечевите со Бахреин (09.08.), во четвртото коло противник е Данска (11.08.) и во последното со Јапонија (12.08.), сите средби нашата селекција ги игра во вечерниот термин од 20-30 часот.