Македонската ракометна репрезентација се наоѓа во вториот шешир во пресрет на ждрепката за квалификации за ЕП 2022 што ќе се одржи во Унгарија и во Словачка.

„Црвено-жолтите“ своите противници ќе ги дознаат на 16.јуни на ждрепката која ќе се одржи во Виена, а нашата селекција може да очекува добра група, ако се знае на овој континентален собир место 16. ќе се најдат 24. селекции.

Како најпосакуван противник од првиот шешир Македонија може да ја добие Чешка, но исто така во третиот шешир се наоѓаат селекции кои се нималку наивни, а пред се тоа се однесува на репрезентациите на БиХ, Украина и Полска. Пласман на ЕП 2022 обезбедуваат двете првопласирани селекции од сите групи, но и четирите најдобри третопласирани репрезентации.

Овој квалификациски прозорец треба да започне на 4.ноември, а ќе заврши на 2.мај следната година. Покрај домаќините, место на ЕП веќе обезбедија Шпанија и Хрватска кои беа финалисти на последниот континентален собир.