Македонија е на прагот на стартна победа во квалификациите за пласман на ракометното Европско првенство, откако избраниците на Данило Брестовац вечерва во Скопје имаат предност од 16-10 на полувреме против Финска.

Резултатската неизвесност стоеше на семафорот до средината на полувремето, кога при водство на Финците од 5-4, Македонија влезе во серија од 6-0 за водство од 10-5.

Македонија ја одржа предноста до самиот крај на полувремето и на пауза замина со предност од 16-10.

Најефикасен во македонската репрезентација е капитенот Кире Лазаров со осум голови.