Македонија не успеа да се пласира во четвртфиналето од светското првенство за ракометари до 19 години откако вчера нашиот национален тим загуби во мечот од оссминафиналето против Португалија .

Поразот од оваа селекција, ја однесе Македонија во битката за пласман.Направена е табела на поразените селекции од бодовите освоени во групната фаза против репрезентациите кои се најдоа во елиминациите.

Македонија е без бодови исто како и Словенија и Тунис, но има подобра гол разлика, па денес ќе игра за пласман на 13. место.

Бројот на бодови ја постави на 6. позиција на табелата, а место погоре е Аргентина што значи дека Аргентинците ќе бидат нашиот противник и денес ќе има нова пресметка со селекцијата со која почна првенството и од која загубивме на самиот старт од натпреварите по групи со 23-20.

Мечот е закажан за 16:15 часот, а ќе биде одигран во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.