Македонската машка кадетска ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот во „Борис Трајковски“ ќе истрча против Данска во дербито на Ц групата.

Четвртото коло на Светското првенство го носи соочувањето со фаворитот за највисок пласман. Избраниците на Данило Брестовац по двете победи против Бахреин и Нигерија влегоа во ритам и денеска ќе го имаат најтешкиот тест досега на планетарниот собир во Скопје.

Данска во воведните три кола од групата Ц беше убедлива против Нигерија, Аргентина и против Јапонија и се наоѓа на првото место на табелата со максимален учинок и гол разлика од 94:64.