Ракометната репрезентација на Македонија до 19 години  вечерва ја очекува меч со Јапонија, последен во групната фаза на Мундијалот во Скопје.

Победа е императив на националниот тим предводен од Данило Брестовац, секако не било каква бидејќи за второ место потребен ни е триумф со најмалку четири гола.

Доколку успееме да ги совладаме „самураите“ со ваква разлика ќе играме со Исланд во осминафиналето. Нерешен резултат или пораз ќе значи пресметка со Португалија.

Македонија има две победи и два порази на Мундијалот, натпреварот со Јапонија се игра од 20-30 во СЦ „Борис Трајковски“ .