Селекторот на Македонија, Данило Брестовац го објави списокот на ракометари кои ќе настапат на контролните натпрвари на „Трофеј Карпати“ и на двомечот со Кувајт.

Репрезентацијата на Македонија на пријателскиот турнир во Стара Пазова, Србија ќе одигра два пријателски натпревари против репрезентацијата на Кувајт.

25.12.2019 (среда) во 19:00 часот Македонија – Кувајт

26.12.2019 (четврток) во 19:00 часот Македонија – Кувајт

Во Романија нашата репрезентација ќе настапи на Трофеј “Карпати” (Фајн Фор турнир) во Букурешт. На Трофеј “Карпати” учествуваат репрезентациите на Македонија, Алжир, Романија и Холандија.

Собирот на репрезентацијата е закажан за ден 20.12.2019 (петок) во Хотел Александар Палас со почеток во 13:00 часот.

Распоред на натпревари:

28.12.2019 (сабота) 16:00 часот Македонија – Алжир

28.12.2019 (сабота) 18:00 часот Романија – Холандија

29.12.2019 (недела) 16:00 часот натпревар за 3-то место

29.12.2019 (недела) 18:00 часот натпревар за 1-во место