Шведска води против Македонија на полувремето со 20-13, прв натпревар во квалфикациите за ЕП 2020 година кое ќе се одржи во Норвешка и Данска.

Средбата се игра во Нокопинг и Шведска засега комплетно ја оправдува фавортиската улога против Македонија која игра со многу млад состав.

Шведска води од самиот почеток на мечот, предноста ја одржуваше во текот на сите 30 минути.

Покрај Шведска и Македонија во групата се и селекциите на Чешка и Португалија.