Македонија немаше сили за никакво изненадување на дуелот со Словенија, тргнавме израмнето до средината на првиот дел, потоа паднавме, а не се поправивме ниту во вториот дел, поразот убедлив со 21:31.

Избраниците на Данило Брестовац играа солидно во првиот дел од полувремето, имаа  водство од 6:4, по што Словенците се консолидираа израмнија и направија пресврт, поведоа со 7:6 и предноста на крајот од првото полувреме изнесуваше 13:9.

Во второто полувреме слична игра на нашите ракометари, Словенија ги казнуваше сите наши грешки, на моменти по некој блесок на нашите репрезентативци, но епилогот беше ист, противникот ја зголемуваше предноста и средбата ја заврши со позитива од  двоцифрена разлика, односно  10 гола за  конечни 21:31 .

Најдобри во нашата репрезентација беа Лазаров со 5 и Кузмановски со 4 гола, Митревски имаше 9 одбрани. Кај Словенија,  Гаиќ со седум гола најефикасен, Урбан Лесек имаше неверојатни 17 одбрани на мечот.

Следно за Македонија е дуелот со Русија во петок, средбата се игра од 15-30 часот.