Машката ракометна репрезентација на Македонија за играчи до 19 години, вечерва на Мундијалот во Скопје се среќава со Јапонија која е во моментов втора на табелата во групата.

Македонија е со ефект од 2 победи и 2 порази, Јапонија има 3 победи и 1 пораз, се наоѓа на втората позиција, Македонија е трета.

Поразот од Данска е  минато, овој меч покажа дека играме многу подобро против поквалитетните селекции, против Јапонија сакаме победа за подобра позиција на табелата пред осминафиналето на шампионатот.

Ние сме млади ракометари, го одигравме еден од подобрите мечеви, сега се фокусираме на Јапонија. Веќе сме во осминафиналето, но не брзаме, нема лифт до успехот, мора да одиме по скалите, чекор по чекор“, изјави Кондев.

Натпреварот меѓу Македонија  – Јапонија се игра од 20-30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.