Женската ракометна репрезентација на Македонија во декември во Солун ќе настапи на квалификацискиот турнир преку кој ќе бара место за бараж на следниот Мундијал.

Грција е домаќин на овој турнир и реши да го организира во Солун од 4 до 6 декември. Н аовој турнир покрај домаќинот Грција и Македонија ќе настапат и селекциите на Исланд и Литванија.

Пласман во баражот ќе обезбедат првите две репрезентации на квалификацискиот турнир.