Наташа Нолевска во слендите 16 месеци нема да смее да се занимава со ракомет. Таа е една од 17 ракометари на Корона Брашоф од Романија кои се казнети поради допинг.

Ракометарките добивале недозволена ласерска терапија која е забранета од ВАДА. Суспензија доби и клупскиот доктор, Мариус Карпа (4 години) како и техничкиот директор, Маријана Тарка (2 години) и поранешниот претседател на клубот, Драгомир Ливиу (две ипол години).

Суспензиите течат од 25 ноевмри минатата година, кога започнал случајот и истрагата за овој скандал.